• Никола Груевски
    Под итно најдете импакт-фактор за професорите од контрапленумот, да не се брукаме! #ПоздравПлеменци
    6 hours ago ·
    • DJ X-Factor likes this.
      • Ивица Боцевски
        Ивица Боцевски Сакате фактори, а не ми дадовте да се потпишам на листата...Како може Ивица да се заобиколи?
        6 hours ago
      • Илија Димовски
        Илија Димовски Кај тебе беше пресуден факторот премислување
        6 hours ago
      • Ивица Боцевски
        Ивица Боцевски А кој фактор е Саво?
        6 hours ago
      • Илија Димовски
        Илија Димовски Климачки
        6 hours ago
      • Ѓорге Иванов
        Ѓорге Иванов Јас да бев фактор ќе имаше импакт ако се потпишев #ПоздравПлеменци
        6 hours ago
      • Владо Бучковски
        Владо Бучковски Јас можам да ви бидам (за)клучен фактор!
        6 hours ago
      • Сашо Мијалков Импакт-профил
        Сашо Мијалков Импакт-профил #ПоздравПлеменци испод палме! Од мене имате Black-up со 30-ка фактор за сите типови на дебела кожа :-)
        6 hours ago
      • Диме Спасов
        Диме Спасов Шефе, може мене на листата да ме ставите? Имам ново Johnson & Johnson шампонче со неутрален pH-фактор
        6 hours ago
      • Зоран Ставрески
        Зоран Ставрески Вие се заебавате со фактори, а ја имам фактури за плаќање!
        6 hours ago
      • Никола Груевски
        Никола Груевски Да не се секираш, имам импактен план. Ќе носиме Закон за Бадник по брза постапка. Кога верниците ќе го кршат лепчето, после Господ ќе кршат по едно парче и за мене и за Владата #КешПлеменци
        6 hours ago
      • Горан Трајковски УЈП
        Горан Трајковски УЈП Имам амандман. Само УЈП да биде овластена да иде на коледе
        6 hours ago
      • Гордана Јанкулоска
        Гордана Јанкулоска Три години затвор за диви коледари со снег на кондурите. Нека трепка!
        6 hours ago